По повод светската премиера на Gladiator, Jeep објави технички податоци и галерија на фотографии од својот нов пикап

Откако првите фотографии протекоа на Интернет во средината на ноември, сега конечно може целосно да го видиме новиот Jeep Gladiator.

Долго очекуваниот пикап, за кој претходно се шпекулираше дека ќе го носи името Scrambler, сепак светлото на денот го виде под ознаката Gladiator, како истоимениот концепт од 2005 година, односно серискиот модел од 1960-тите.

Новиот пикап на американскиот производител на теренски и SUV возила се базира на моделот Wrangler, а ќе биде достапен со четири нивоа на опременост: Sport, Sport S, Overland и Rubicon.

Како што се очекуваше, Rubicon е најмногу наменет за off-road употреба од сите верзии на Gladiator, со дополнителни засилувања на телото, специјална суспензија и специјални 33-инчни теренски гуми, а челичните браници се достапни како опција.

Должината на пикапот е 5.181 mm, меѓуоскиното растојание е 3.480 mm, а должината на товарниот простор е 1.524 mm. Растојанието од земјата е 282 mm.

Gladiatorот може да помине водена препрека со длабочина од 762 mm, а овој пикап може да носи терет до 1.600 kg и да повлече приколка од 3.470 kg.

Кога ќе пристигне во продажните салони во 2019 година, Jeep Gladiator ќе биде понуден со 3.6 V6 Pentastar бензинец со 285 КС и максимален вртежен момент од 352 Nm. Стандардно, моторот ќе биде поврзан со 6-брзински мануелен менувач, додека 8-степен автомат е опција. Моќта се пренесува на сите 4 тркала.

Дизел верзијата доаѓа во 2020 година и ќе биде спарена исклучиво со автоматски менувач. Jeep се уште не ги објавува неговите спецификации, но најверојатно станува збор за подобрена верзија на агрегатор 3.0 V6 EcoDiesel кој го придвижува Grand Cherokee. Овој мотор се очекува да има 260 КС и 600 Nm максимален вртежен момент.

Новиот Jeep Gladiator е замислен како практично теренско возило кај кое кровот делумно се расклопува, а вратите по потреба се демонтираат, додека шофершајбна може да се собори на хаубата, како кај Wrangler.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1h_gQ_zJBgPwVdpp6yJVCFkHCjA7EzoK9″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Jeep Gladiator може да се нарача во верзии со платнен или тврд покрив.