Преку процесот на прочистување на водата од океан, сега е можно да се произведат неограничени количества на литиум, без штетно влијание врз природната средина

Ако властите се навистина сериозни во намерата за електрифицирање на светската автомобилска флота, на човештвото ќе му бидат потребни огромни количини на литиум за да се овозможи производство на батериски единици, а тоа може да биде голем проблем, ако се потпираме само на резервите на литиум и неговата класична експлоатација од рудниците. За среќа, алтернативното решение е на повидок и може да се реализира преку следниот план: океаните да се претворат во најголемите светски литиумски рудници, без штетни последици за животната средина. Истражувачите развиле техника за десоленизација на морската вода која би користела органски структури на метал (како сунѓер со голема површина), со пори со помала површина од нанометар во кои би се задржувале литиумските јони, во текот на процесот. Овој пристап ја фаворизира тенденцијата на клеточните мембрани селективно да дехидрираат, носејќи во себе јони, а зад себе оставајќи литиум. Како крајна последица на процесот, би се добила чиста и питка вода, погодна за употреба од страна на луѓето.

Процесот за екстракција на литиум секако не е нов, но денес е можно тоа да се направи многу поефикасно отколку порано, без никакви несакани ефекти. Повеќе не е потребно да се пумпа вода или да употребуваат опасни хемикалии. Наместо тоа, производителите на батериски единици треба да нурнат подесиви филтри во морска вода. Оваа техника може да се користи дури и во ситуации кога водата сама по себе е контаминирана. Дури и од неа може да се извади литиум.

Сепак, за овој метод да може да се користи за комерцијални цели, потребни се понатамошни истражувања, иако сите потенцијални импликации се веќе јасни. Ако процесот на десоленизација доволно се прошири, светот ќе има значително поголеми количини на литиум, за различни цели: електрични автомобили, телефонски батерии и други уреди кои бараат батерија за извршување на нивните функции. Во секој случај, примената на овој процес ќе доведе до значително помал степен на загадување на природата.

Револуционерно, зар не?!

Loading...

ANIMEFLIX high school dxd animeflix: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 3

KissAnime kiss kiss anime: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Cam-Nosub