Малиот робот е дизајниран да биде придружник кој помни детали за секој корисник со кој го поминува времето

Honda претстави двa уреда за „Micro-mobility“ со вештачка интелигенција кои овозможуваат меѓусебно разбирање помеѓу машините и луѓето.

Станува збор за мало самоуправувачко електрично возило и робот, кои можат да разговараат со луѓето. Првиот уред се вика CiKoMa и е достапен во верзии за превоз на еден или четири патници. Другиот се вика WaPOCHI, а станува збор за робот кој ве следи наоколу „како домашно милениче“.

Јапонскиот бренд наведува дека не им се потребни сензори или пристап до мапи за навигација, туку се потпираат на препознавање на непосредната околина со помош на камери и вештачка интелигенција.

Благодарение на малите димензии, CiKoMa е претставен како „случајно превозно средство за работа, разгледување или возење низ градот“.

Што се однесува до роботот WaPOCHI, тој е дизајниран да биде придружник кој помни детали за секој корисник со кој го поминува времето. Може да се користи за носење торби или други ситници и како „поддршка за корисникот при одење“. Honda тврди дека дури и WaPOCHI да ве изгуби од вид, повторно ќе ве најде „врз основа на меморираните карактеристики“.

Целта на Honda е да ги стави новите технологии во практична употреба до 2030 година и да постигне „напредок во мобилноста и секојдневниот живот на луѓето“ и „да постигне нула сообраќајни несреќи“.

Honda планира многу брзо да ги тестира двата нови производи во Јапонија.