Спортскиот директор на McLaren Formula 1 тимот, Ерик Булијер поднесе оставка од функцијата поради слабите резултати во тековната сезона

Директорот на McLaren, Зак Браун, ја прифати оставката на Булије, а функцијата спортски директор до крајот на сезоната би требало да ја извршува Зил де Феран.

„Она што нашиот болид го покажува оваа сезона не е во согласност со очекувањата кои ги имавме на почеток, особено не се во согласност со очекувањата на нашите верни навивачи. Ова секако не е вина на стотици посветени вработени во McLaren. Причината е системска и структурална и бара големи промени. Оваа промена е само првиот чекор кон исправување на грешките. Јас би сакал да се заблагодарам во името на сите на Булије за за неговиот придонес во McLaren и му посакувам се најдобро во иднина“, вели Браун.

До оставката на Булије дојде поради лошите резултати на McLaren, кој во пресрет на шампионатот од мотори на Honda прејде на Renault.

Шефот на операции, Симон Робертс во иднина ќе го надгледува производството, логистиката и инженерскиот дел од работата, додека Андреа Стела ќе биде одговорен за деталите врзани за трките, додека Де Феран ќе управува со целиот тим со цел тој да стане поефикасен.