Предлогот доаѓа од адвокатите вклучени во случајот со чешкиот милијардер кој со својот Bugatti Chiron на германскиот автопат разви брзина од 417 km/h

Беше тоа голем хит на социјалните мрежи, а против возачот имаше дури и судски спор – кој очекувано мораше да биде суспендиран бидејќи не беше прекршен ниеден закон. Возел на делница каде што нема ограничување на брзината.

Сега, предлогот на адвокатите вклучени во случајот може да придонесе за нова дебата. Идејата потекнува од државното обвинителство на регионот Саксонија-Анхалт, кое не гледа причина да го казни Чехот, без оглед на вртоглавата брзина со која тогаш мина 116 метри во секунда, пишува Der Spigel.

Од Државното обвинителство сметаат дека ограничувањето на брзината е разумно, но интересна е брзината што ја предлагаат адвокатите. Не 120 или 130 km/h, за кои во моментов се зборува во Германија, туку вртоглави 200 km/h.