Поминаа цели осум години откако Volvo ја претстави втората генерација на моделот XC90, еден од најубавите теренци во сегментот

Моделот XC90 веќе остаре и неговите најдобри години се зад него, но добрата вест е што Volvo веќе некое време работи на неговиот наследник. Последните информации велат дека новиот модел ќе пристигне исклучиво во електрична верзија, а приложените рендери на руските колеги од Kolesa.ru ни даваат добар увид како би можел да изгледа.

Рендерите се засноваат на претходни протечени патент слики и покажуваат јасна врска со актуелната генерација. Традиционалниот дизајн ќе биде зачинет само со детали, како што се рачките на вратите кои се на исто ниво со површината на металниот лим и „излегуваат“ кога е потребно.

Ако веќе изгледот е препознатлив, името сигурно нема. Имено, Volvo веќе објави дека се откажува од алфанумеричката ознака за овој модел. Geely најави дека ќе започне со самогласка, а некои информации велат дека ќе се вика Embla. Сепак, не треба да се исклучи и многу пологичен избор како што е EXC90, кој е најверојатен за електрична изведба на сегашната генерација на моделот.

сеуште актуелната генерација на Volvo XC90

За крај, да напоменеме дека овој модел нема да биде врвот во гамата на Volvo. Во шведската кујна веќе се создава нов деликатес со работно име XC100.