Најпродавани автомобили во Европа за 2018 година
Нема промени кога станува збор за водечката тројка
Првите три месеци од 2018 година се доста успешни за автомобилските производители – продажбата има голем раст во однос на истиот период минатата година на сите пазари со мали исклучоци, како Норвешка и Велика Британија. Што се однесува до најпродаваните модели, промени во првата тројка нема – Volkswagen Golf, Renault Clio и VW Polo, посочува агенцијата focus2move.
Заклучно со март од моделот Volkswagen Golf се продадени 149.428 примероци, што значи и пораст на продажбата од 11,3% во однос на првиот квартал од 2017 година. Од моделот Renault Clio продадени се 94.070 примероци (-1,9%), а од Volkswagen Polo – 89.490 (-7,8%) примероци. Топ 5 најпродаваните модели во Европа ги заокружуваат Ford Fiesta со 88.563 (-7,1%) и Nissan Qashqai (84.570, – 0,4%).
Во најпродаваните десет влегуваат и Škoda Octavia (78.259 продадени примероци со раст од 14,9% во однос на истиот период од 2017 година), Volkswagen Tiguan (74.514, -3,7%), Peugeot 208 (69.669, + 5,7), Ford Focus (68.907, -4.4%) и Citroen C3 (64.993, + 0.2%).
Интересно, Peugeot 3008 за периодот јануари-март има најголем скок во продажбата од дури 37,5% споредено со првиот квартал од 2017 година – (53,757 единици) и се наоѓа на 15-то место. Opel Corsa, кој е рангирана на 12-то место со 60.028 продадени единици, има најголем пад во продажбата од дури -21.6%.