Повеќе не е тајна – BMW откри детали за M850i / ВИДЕО

0

Најмоќната „осмица“ во понудата ќе има 530 „коњи“

Автомобилот кој ќе биде врв во понудата на новата BMW Серија 8, M850i ​​xDrive Coupe, ќе го користи ново развиениот V8 битурбо мотор кој произведува 530 КС (390 kW) и 750 Nm вртежен момент.

Иако овој мотор развива 68 „коњи“ и 100 Nm повеќе од сегашниот 4.4-литарски V8 од BMW 650i, германскиот производител вели дека двете единици ја имаат истата маса.

Новиот V8 ќе биде впарен со надграден автоматик со 8-степени на пренос, кој уште побрзо го менува степенот на пренос во споредба со неговиот претходник, а моќта се испраќа до сите четири тркала.

BMW не објави податоци за перформансите, но според очекувањата M850i ​​xDrive Coupe од 0-100 km/h би требало да забрзува за помалку од 4 секунди, што е подобро од сегашниот BMW M6 Coupe (4.2 секунди).

BMW M850i ​​xDrive, меѓу другото, ќе биде опремен со активен систем за управување, адаптивна „М“ суспензија, спортски издувен систем …

BMW 8-Series Coupe својата премиера ќе ја има на 15 јуни, а M850i ​​xDrive треба да се појави подоцна во текот на годината.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »