Најлошите автомобили според Consumer Reports
Consumer Reports ги издвои автомобилите кои особено разочарале и се наоѓаат во долниот дел од листата
Скоро и да нема ништо ново. Американците едноставно не го сакаат италијанскиот ретро моноволумен 500L. Иако симпатичниот семеен автомобил и не е толку лош, во американските тестови, редовно лошо поминува. Во Consumer Reports го нарекуваат италијанска конфекција, а ги критикуваат безбедноста, перформансите или едноставно се освен просторноста.
И покрај редизајнот и лимузинското издание, најмалиот Mitsubishi модел во Америка е целосно промашување. Америка не може да се навикне на немирниот три-цилиндерски мотор, лошото маневрирање и евтината внатрешност. Единствената добра работа за американскиот вкус е потрошувачката на гориво. Тие сметаат дека е многу подобра опција за истите пари да се купи некој користен автомобил, а изборот е огромен. Mirage кај нас е познат како Space Star.
Според сопствениците на Mercedes
И додека на претходните тестови плукаа по А-класата, Американците сега направиле мал чекор понапред, па сега на ред е моделот GLA. Овој модел го оцениле како најлош. Само 44% рекле дека повторно ќе го купат истиот модел.
Тие не го сакаат 2.0 турбо моторот и автоматиката со седум степени на пренос и нивниот впечаток е дека станува збор за лошо подигнат компакт. Како лоша ја оценуваат прегледноста позади, како и просторот. Според нив инфо-забавниот систем е комплициран
За Американците нечини ни Fiesta
Приказната за овој малку чуден избор завршува со Ford. Поточно, Fiesta ST е лошa, бидејќи не е удобна за возење. Се чини дека Американците забораваат дека станува збор за спортски автомобил.