Најевтиното BMW излегува во октомври
Првиот тротинет на BMW на пазарот ќе биде достапен во октомври оваа година. Станува збор за заеднички производ со компанијата Micro Mobility, велат од баварската компанија
Моделот е наречен BMW E-Scooter, со тежина од само 9 кг, а ќе може да развие максимална брзина од 20 km/h. Компанијата уверува дека машината ќе може да патува 12 км со едно полнење на литиум-јонската батерија во период од два часа. Моќноста на моторот е 150 W.
Прво, BMW E-Scooter ќе биде достапен кај ограничен број на дилери на марката. Цената не се крие и изнесува – 799 евра. Ако некому му се чини дека цената е висока, тогаш може да си купи градски скутер за 200 евра. Детскиот скутер (првата слика) е веќе достапен за 120 евра.