Прекршителите на новиот закон ќе бидат казнети со парична казна до 430 долари

Во САД има многу чудни закони, на кои сега им се придружува уште еден. Жителите на Калифорнија веќе немаат право своите автомобили да ги поправаат дури ни во сопствените гаражи, а камоли на улица пред нивниот дом.

Според официјалните информации, причината за донесувањето на новиот закон е еколошка. Се смета дека одредени зафати исфрлат штетни материи во почвата и водата, што доведува до лошо влијание по здравјето на локалното население. Непочитување на забраната резултира со парична казна што може да достигне 430 долари.

Сопствениците на автомобили се уште ќе имаат право на некои помали зафати, но само на сопствен автомобил. Времето за тоа е ограничено, односно возилото за максимум од 24 часа мора да биде доведено во возна состојба. Меѓу тие помали зафати спаѓаат промена на маслото, филтрите и слично.

Категорично е забрането да се поправа туѓ автомобил – дури и оној на соседите, а целата активност мора да се врши само во професионални работилници и со професионални алатки. Исфрлање на масло, боја или други хемикалии во одводи и слично се казнува со парична казна, која може да достигне до 10 000 долари.

Loading...