Неколку бројки од најголемиот пазар на автомобили во светот

Овие денови, Одделот за јавна безбедност на Кина објави податоци за автомобилите во земјата и според нив, по патиштата на третата најголема економија во светот се движат 250 милиони возила! Тоа значи дека н

ајмалку една четвртина од милијарда луѓе во Кина се возачи!

Во првата половина од 2019 година, во Кина се регистрирани 12.42 милиони нови автомобили, што е, патем, 10.06% помалку отколку во истиот период минатата година. Од нив 3.44 милиони се електрични автомобили.

Во исто време расте секундарниот пазар, односно продажбата на употребувани автомобили има сериозен раст. Во првата половина од оваа година продадени се 11,7 милиони автомобили, што е зголемување за 1,4 милиони во споредба со истиот период во 2018 година.

Врз основа на овие бројки односот помеѓу продажбата на користени и нови автомобили во земјата изнесува 0,94: 1. Со други зборови, во првите шест месеци од годината во Кина продажбата на користени автомобили е скоро на исто ниво како и продажбата на нови автомобили.

 

Во однос на дистрибуцијата на патниот сообраќај, голем дел, се разбира, отпаѓа на градовите. Според проценките, повеќе од еден милион автомобили се возат по улиците на 66 кинески градови, во 29 градови – повеќе од 2 милиони, во 11 мегаполиса – повеќе од 3 милиони автомобили, а само во Пекинг и Ченгду, повеќе од 5 милиони. 

Можете само да замислите за каков сообраќаен хаос овде станува збор.