Редакцијата на магазинот Autocar подготвила листа на 10 најдобри компактни автомобили во изминатата година 

Од година во година, клиентите се повеќе сакаат да избираат теренци и кросовери, но компактните автомобили сè уште се многу популарни. Ова главно се должи на големата разновидност на овој тип на автомобили, како и на големата разновидност на понудата на пазарот. Во овој сегмент, покрај традиционалните хечбеци со пет врати (на пр. BMW Серија 1), можеме да најдеме и седани (на пр. Mazda 3, Mercedes A-Class), лифтбек (на пр. Škoda Octavia) и функционален караван (на пр. VW Golf). Покрај тоа, постои широк спектар на верзии на мотори – од мали бензински мотори со турбополнач, преку модерни турбодизели, до plug-in хибриди.

Во продолжение изборот на Autocar

  1. Volkswagen Golf

Со дебито на осмото издание, Volkswagen Golf се врати на врвот на листата на најдобри компактни автомобили. Како што истакнуваат Британците, иако се направени само мали промени на претходната генерација, новиот модел во целина е значително подобар. Сепак, не може секому да му се допадне неговиот изглед и тврдата пластика во внатрешноста.

  1. Ford Focus

Оваа година, компактниот Ford повторно е веднаш зад Golf, но генерално, неговoто заостанување зад ривалот од Волфсбург не е толку големо. Според британските новинари, најголемата предност на Focus е неговата шасија – тој е моделот со најдобро управување во овој сегмент.

  1. Seat Leon

Блиското сродство со Golf му дава на Leon висока позиција во рангирањето. Во однос на управувањето, сепак малку заостанува зад Focus, но според уредниците на списанието Autocar, тој останува најостриот и најзабавниот компакт во групацијата Volkswagen. Пространоста и функционалноста на кабината се исто така меѓу најдобрите.

  1. Audi A3 Sportback
  2. BMW Серија 1
  3. Mazda 3
  4. Škoda Octavia
  5. Hyundai i30
  6. Honda Civic
  7. Mercedes A-класа