Германскиот бестселер не го дава тронот

Доколку некој се сомневаше дали Golf ќе ја задржи лидерската позиција, сега го има конечниот одговор. Минатата година од моделот во Европа се испорачани повеќе од 312.000 примероци.

Претходната година воедно е прва полна година од продажбата на осмата генерација на Golf, што покажува дека новата генерација продолжува онаму каде што застанала претходната. Од продадените 312.000 примероци, дури 133.900 се за клиенти на домашниот германски пазар. Со таков резултат, нормално, Golf e и најпродаван и во Германија за 2020 година.

Германија: 1. Volkswagen Golf 136.324; 2. Volkswagen Passat 60.904; 3. Volkswagen Tiguan 60.380; 4. Ford Focus 53.378; 5. Škoda Octavia 53.302; 6. Opel Corsa 53.199; 7. Volkswagen T-Roc 50.822; 8. BMW Serije 3 47.273; 9. Volkswagen Polo 46.174; 10. Fiat Ducato 44.312.

„Golf 8 незабележливо се надоврзува на успехот на неговиот претходник“, вели првиот човек на германскиот производител, Ралф Брандстетер.

Брандстетер исто така вели дека по првичниот удар на корона вирусот во Европа во првата половина на 2020 година, нивниот бестселер имал што да надокнади, а верзиите GTI, GTD и GTE дале дополнителен поттик за продажбата во Европа во третиот квартал.

Првиот човек на Volkswagen исто така истакна дека има голема побарувачка за хибридните варијанти на Golf, и дека во текот на 2020 година, секој трет испорачан модел на Стариот континент користел некаков вид на хибридизација.