Недостатокот на чипови не влијае само на производството на процесори и графички картички. Современите автомобили содржат голема количина електроника сами по себе, па и тие зависат од чипови. 

Ги има во инфо-забавните системи, модулите за помош на возачот, но и во основните функции на автомобилот, како што е управувањето.

Интересно е што недостатокот на чипови е главната причина за глобалниот пад на производството на автомобили. Поради тоа, Ford привремено мораше дури и да затвори една од своите фабрики. Компанијата го запре производството на теренци во Луисвил (Кентаки). Nissan исто така значително го намали производството во својата фабрика во Јапонија. Проблеми со производствените процеси од иста причина пријавиле и другите производители на автомобили. Volkswagen најави намалување на производството во Кина, Европа и Северна Америка уште во декември, за сега во иста насока да размислуваат и Fiat, Chrysler и Toyota.

Оваа ситуација се случи бидејќи пред крајот на 2020 година, поради корона вирусот, фабриката која произведува чипови за автомобилската индустрија беше затворена скоро два месеци. Залихите чипови се потрошени и сега ефектот ланчано се пренесува меѓу производителите на автомобили. Како што стојат работите, сè додека производството на чипови повторно не се стабилизира, веројатно ќе има значителен пад на производството во автомобилската индустрија во првата половина на оваа година.

Loading...

Watch Gleipnir (Dub) Episode 6 at ANIMEFLIX animeflix food wars

Watch The Quintessential Quintuplets Episode 12 (https://funimationfree.com/m/AJ0N/ep-12) at Funimation food wars funimation