Сосема неочекувано, вчера попладне беше објавена веста дека Сирил Абитебул, досегашниот шеф на Formula 1 тимот на Renault, ги напушта редовите на францускиот производител.

Во медиумите и претходно имаше многу шпекулации за промени во раководството на тимот на Renault. Се очекуваше Сирил Абитебул да заземе друга позиција во компанијата Renault, но не и целосно да ја напушти.

За нов извршен директор на Alpine e поставен Лорент Роси, директорот на Renault за стратегија и развој на бизнисот, а неговата должност ќе биде да ги води и автомобилската и F1 програмата, како и сите други активности во светот на моторспортот. Негов претпоставен ќе биде извршниот директор на Renault, Лука де Мео. Продолжувањето на промени во раководството на Renault треба да доведе до назначување на Марцин Будковски на позицијата шеф на Alpine F1 тимот.

„Би сакал да и се заблагодарам на групацијата Renault за довербата сите овие години, особено во започнувањето и обновата на тимот од 2016 година. Солидните основи на тркачкиот тим, нашите погони во Франција и Англија со текот на годините, стратешката еволуција на спортот кон економски одржлив модел како и неодамна започнатиот проект Alpine укажуваат дека се движиме по вистински пат“.

„Сакам да му се заблагодарам на Лука де Меу што ме вклучи во создавањето на проектот Alpine Business Unit и на новата управувачка структура и посакуваммногу успех“, вели Абитебул.

Сирил за Renault работи од својата дипломска веднаш по дипломирањетоВо Ф1 тимот е од 2007 година, да постепено се искачи до позиција извршен директор. Абитебул одлучил да се пресели во Caterham каде што беше шеф на тимот од 2012 до 2014 година.