И покрај тоа што авто-пилотот на Tesla е докажан во многу случаи досега, особено по неодамнешното ажурирање на софтверот, веќе по приближувањето кон кружниот тек, автомобилот го препуштил управувањето на возачот

„Магичниот кружен тек“ лоциран во британскиот Свиндон се состои од пет мини кружни текови. Секој од нив е лоциран на место каде што една од петте улици се спојува на централниот кружен тек. Кога некое возило ќе наиде на еден од мини-кружните текови, се вклучува според важечките правила за овој вид на раскрсница, а потоа продолжува да се придвижува кон внатрешниот прстен во друг мини-кружен тек, и така натаму неколку пати додека не стигне до кружен тек, каде што се исклучува и влегува во улица која го одведува од раскрсницата.

Еден возач на Tesla Model 3, дошол на идеја да го тестира системот за активна помош на возачот, т.н. авто-пилот, во оваа мрежа на обиколки и да открие дали автомобилот ќе го помине без човечка помош.

Токму овој екстремен пример најдобро покажува колку е лимитирана автоматизацијата на возилото во реални сообраќајни услови и дека треба уште многу работа додека се дојде до моментот кога автомобилите ќе бидат целосно подготвени да ја преземат контролата во било која ситуација. Имено, веќе откако се приближил кон кружниот тек, автомобилот „се прогласил за некомпетентен“ и го оставил управувањето во кружниот тек на возачот.

Loading...