Познатиот производител на автомобилски гуми е основан на 29 август 1898 година

Чарлс Гудјир е човекот кој го осмислил процесот на вулканизација и според кого е именувана компанијата. Сепак тој не ја основал истата, бидејќи сите негови обиди за тоа пропаднале, па затоа Френк Сиберлинг ја „исправил неправдата“ и својата компанија ја нарекол Goodyear.

Како што компанијата растела во текот на дваесеттите години на 20 век, таа станала позната на глобално ниво, а големата слава ја стекнала благодарение на светот на трките, каде што имала голем успех.

Како производител на гуми, никогаш немале револуционерни иновации, но уште од првиот ден компанијата работела на највисоко можно ниво. Ако се погледнат NASCAR, Le mans, па дури и Formula 1, каде компанијата не е присутна од 1998 година, забележлив е големиот број на успеси и победи.