Идејата за компанија се родила во Грција, а нејзиниот прв автомобил имал тули под хаубата

Во април годинава, додека светот се криеше во „дупките“ и ги триеше своите шопинг торби со алкохол, Lamborghini ја одбележа 104-годишнината од раѓањето на Феручио Ламборџини, основачот на можеби најлудата автомобилска компанија на планетата.

Веројатно сте слушнале дека се започнало со производство на трактори, а Miura е првиот супер-автомобил во историјата. Во продолжение уште 10 факти од историјата на Lamborgini кои не се толку познати.

Идејата за компанија се родила во Грција, на грчкиот остров Родос

За време на Втората светска војна, Феручио бил механичар во италијанската воена авијација, со седиште на грчкиот остров Родос. Тој станал познат по исклучителниот талент за импровизирање и правење свои резервни делови од материјали што му се при рака. Уште тогаш, тој решил да основа своја машинска компанија кога ќе се врати дома.

Започнува со трактори

Lamborhini сеуште прави трактори. Првите земјоделски машини на Феручио биле склопени од се што му дошло при рака. Денес, тракторите со знакчето на разјарениот бик можат да чинат и до 300.000 евра.

Во бизнисот со автомобили поради Енцо Ферари

Причината зошто Феручио влегол во бизнисот со автомобили е Енцо Ферари. Веќе богат, Ламборџини возел Ferrari 250 GT, но бил зачуден кога открил дека спортскиот автомобил користел исто квачило како и неговите трактори. Побарал да му го заменет. Енцо Ферари бил груб, а Феручио решил да му „врати“. Половина година подоцна, се појавил првиот Lamborghini модел – 350 GTV.

Првиот автомобил немал мотор

Првото Lamborghini нема мотор. За да можат да го прикажат на Салонот за автомобили во Торино, инженерите ставале цигли под капакот на моторот и го заклучиле за да не може да се отвори.

“Ако веќе сте некој, купете Lamborghini”

Lamborghini Miura, претставен во 1966 година, бил најспектакуларен автомобил во своето време. „Ако сакате да бидете некој, купувате Ferrari. Ако веќе сте некој, купувате Lamborghini“, велел еден од сопствениците на Miura, Френк Синатра. На фотографијата е прикажан неговиот автомобил, сочуван до ден денес.

Заради Miura, Мајлс Дејвис ќе завршел во затвор

Моделот Miura за малку ќе значел крај на кариерата на големиот џез музичар Мајлс Дејвис. За време на еден од своите тешки периоди, музичарот испробал луд маневар со автомобилот кој завршил лошо односно со две скршени ноги. За среќа по него, случаен минувач го спасил пред да пристигне полицијата и притоа успеал да ги исфрли трите пакувања кокаин од автомобилот кои ќе го испратиле Мајлс во затвор на подолго време.

Името на легендарниот модел е всушност име на пцовка во дијалект

Countach, уште еден од легендарните модели на компанијата, всушност носи име на пцовка во дијалект. Името го дал Нучо Бертоне, шеф на дизајнерското студио со исто име, кој кога го видел првиот проект за прототипот, извикал „кунташ!“ – извик, кој во неговиот пиемонтски дијалект обично се користи за особено привлечна жена. Авторот на проектот бил самиот Марчело Гандини.

Полициско Lambo за транспорт на органи

Италијанската полиција поседувала два службени Gallardo автомобили, специјално опремени за итен транспорт на органи за трансплантација

Автомобил без гуми!

Aventador не е само спортски автомобил, туку и брод. Заедно со своите партнери, Lamborghini создава и луксузни креации за транспорт на вода.