И покрај сеуште конзервативниот став на мнозинството (а можеби само нам така ни се чини), електричните автомобили стануваат се попопуларни и поконкурентни секој ден, и по цена и по перформанси

Со цел во пракса да се споредат карактеристиките на електричен автомобил и автомобил напојуван со фосилни горива, јутјуберот Маркес Браунли тргнал на пат долг 1.600 километри низ САД, во три различни автомобили. Бензинскиот Audi Q5 бил референца, а потоа истиот пат го одработил  и со Tesla Model S Plaid и Ford Mustang Mach-E.

Со натоварен автомобил, тој тргна од Њујорк и се упатил кон Лејк Плесид, а потоа се до Нијагарините водопади. Додека го возел Audi Q5 застанал еднаш за полнење гориво, додека со Tesla морал да застане три пати на суперполначи. Со Ford имал проблеми бидејќи некои полначи не работеле, па возел по подолга делница и на полнач застанувал шест пати. Со моделот на Audi патувањето го завршил за 11 часа и 8 минути, а со лимузината на Tesla пристигнал 47 минути подоцна. Со моделот на Ford патувањето било подолго за дури пет и пол часа.

Што се однесува до враќањето, на моделот на Audi му биле потребни 7 часа и 21 минута со еден резервоар, а на Tesla плус 44 минути и три полнења. На моделот на Ford му биле потребни дополнителни час и половина и две застанувања за полнење.

Сумирано, вкупниот пат најбрзо го минал Audi Q5 – 18 часа и 29 минути. Tesla Model S Plaid пристигнува час и 32 минути подоцна, а на Ford Mustangu Mach-E му биле потребни дополнителни 6 часа и 35 минути, пред се поради недостатоци во мрежата на полначи. Кога станува збор за трошоците, Audi потрошил 84,79 долари за гориво, Tesla 66,35 долари за електрична енергија, а Ford најмалку, 61,25 долари.

Заклучокот на Маркус е дека најголемата предност на Tesla е одличната мрежа на полначи, како и инфо-забавниот систем кој оптимално советува за најефикасниот начин за возење до одредената дестинација.