Со минимални промени во стилот, суперавтомобилот од „Земјата на изгрејсонцето“ доаѓа со нови бои и максимално ниво на опрема

Еден од најдолговечните спортисти на пазарот континуирано се произведува и подобрува веќе 14 години, а станува збор за веќе митскиот модел, Nissan GT-R, кој беше лансиран на пазарите низ светот уште во 2007 година.

Поминаа цели 16 години од премиерата на тогаш неверојатно атрактивниот концепт GT-R на салонот во Токио во 2005 година, по што следеше серискиот модел, речиси идентичен. Исто толку години во производството со речиси непроменет изглед односно два минимални редизајни во 2011 и 2017 година.

За жал, новитетот е резервиран само за клиенти во Јапонија и САД и доаѓа во „Millennium Jade“ и „Midnight Purple“ бои. Познавачите веднаш ќе сфатат дека ова се варијации на боите користени за исто така култниот претходник Skyline R34: конкретно за ретката верзија V-Spec II Nur.

Покрај боите, извлечените „добитници“ можат да сметаат и на опрема многу слична на постоечката „Track“ со пошироки лакови на тркалата, спојлери од карбонски влакна, бронзени алуминиумски бандажи „Rays“ и карбо-керамички сопирачки Brembo.

Во патничкиот простор наоѓаме кожен тапацир со врвен квалитет или тапацир изработен од зелена алкантара Мори, а дополнително, новата верзија е надополнета со Т-spec значки на предната и задната страна, специјални прагови на вратата и карбонска хауба.

Новиот пакет Т-spec може да се комбинира со нивоата на опрема Premium или Nismo. Во вториот случај, GT-R доаѓа со лесен карбонски покрив и капак на багажникот и е уште поагресивен со специфични поставки и калибрација на моторот развиени од спортскиот оддел на марката.

Нема промени во однос на погонот: под хаубата се наоѓа познатиот 3.8-литарски V6 битурбо мотор кој генерира 570 КС и 637 Nm вртежен момент на сите тркала преку менувач со двојна спојка. Максималната брзина е се уште е 315 km/h, а забрзувањето до 100 km/h од место е само 2,8 секунди.

Продажбата би требало да започне во октомври, а со оглед на огромниот интерес, Nissan ќе организира лотарија за 100 среќници кои потоа ќе ги платат своите примероци по цена помеѓу 122 до 138 илјади евра.