Возачот на Ducati, Андреа Довициозо е победник на последната трка од овогоднинешното издание на MotoGP шампионатот, ГН на Валенсија

Поради силниот дожд и неколкуте „атрактивни“ излетувања од патеката, трката имаше два дела, бидејќи беше прекината по 14-тиот круг. Во тој момент, Алекс Ринс беше пред Довициозо и Валентино Роси, додека за Маверик Вињалес, Марк Маркес и ред други возачи трката беше веќе завршена поради излетувања од патеката.

Откако дождот се смири, трката беше продолжена, а на четири круга пред крајот паѓа и Роси, кој во тој момент беше втор зад Довициозо на Ducati со добри шанси на целта да стигне и прв. Така, на крајот Doviciozo прв пројде низ целта пред Алекс Ринс и Пол Еспаргаро.

Последната трка од шампионатот освен престиж, немаше натпреварувачки дух, бидејќи Маркес веќе одамна го има „запечатено“ првото место во шампионатот. Трката за ГН на Валенсија беше последната трка за Дани Педроса кој реши да стави крај на кариерата, а за Лоренцо последна во Ducati бидејќи од следната ќе вози за Repsol Honda како клубски колега на Марк Маркез.

Маркес сезоната ја заврши со 321 поен, пред Довициозо со 245 и Роси со 198.

2018 MotoGP Valencia: Race Highlights

2018 MotoGP: Season Review

Новата сезона на Мото ГП започнува на 10-ти март со Големата награда на Катар.

Loading...