Марк Маркез доминантно до нова победа во Јапонија 

Иако доминантно, сепак Маркез неможеше да си дозволи да вози опуштено бидејќи во добар дел од трката веднаш зад него беше одличниот Фабио Квартаро. За Маркез ова беше десетта победа во тековниот шампионат, a 54-та во кралската класа со која се изедначи со Австралијанецот Марк Дуан на вечната листа.

Откако пред две недели во Тајланд Маркез ја обезбеди титулата во конкуренција на возачи, со победата на Мотеги во Јапонија, ја обезбеди и титулата за Honda во конкуренција на конструктори. Зад себе ги остави возачите на Petronas Yamahа и Ducati.

Квартаро, кој исто така ја обезбеди титулата „дебитант“ на годината, кон крајот на трката беше под притисок на Андреа Довициозо, кој одлично ги сочува гумите и на крајот од трката беше многу брзи. Сепак на крајот успеа да стигне само до последното место на пиедесталот.

Маверик Вињалес кој успеваше да биде блиску до водечките, иако се потруди, не можеше да оствари подобар пласман од четвртото место, на фабричката Monster Yamaha.

Кога станува збор за групата возачи зад Вињалес, Кал Крачлоу имаше феноменален последен круг, поминувајќи го со финален спринт Френк Морбидели, по што возачот на Petronas Yamaha заврши на шестата позиција, пред Алекс Ринс од Suzuki на седмото место. Неговиот тимски колега, Антоан Мир, беше подобар од вториот возач на Ducati, Данило Петручи. Џек Милер, кој започна солидно, но имаше постојан пад на перформансите неговата мека задна гума, така што на крајот максимален дострел беше 10-то место.

Валентино Роси и во Јапонија го напушти среќата. Легендарниот „доктор“, не можејќи да ја пронајде својата форма и правилното подесување на мотоциклот, ја заврши трката предвремено кога беше на 11.та позиција

Хорхе Лоренцо имаше уште една катастрофална трка, стигнувајќи само до 17-то место. 

MotoGP Motegi Japan 2019 / Higlights

MotoGP Motegi Japan 2019 / Цела трка

https://youtu.be/sezlHANCrW0

Следната трка од шамионатот се вози веќе за седум дена за ГН на Австралија.