MotoGP: Голем триумф на Франк Морбидели во Арагон
Доминантно возење на асот на Petronas, Ринс и Мир го дополнија подиумот
По квалификациите во саботата, херој на денот беше јапонскиот ас Такааки Накагами. Возачот на LCR Hondа ја освои својата прва пол позиција во кралската класа, а место во 1-от стартен ред обезбедија и Морбидели и Ринс.
Иако најдобро се снајде на стартот, Накагами направи грешка уште во 1-от круг и заврши покрај патеката.
From elation to despair! ?
This was the moment @takanakagami30's hopes of a maiden win were crushed! ?#AlcanizGP ? pic.twitter.com/uytfbDnSQb
— MotoGP™? (@MotoGP) October 25, 2020
Во исто време, дојде до инцидент помеѓу Милер и Биндер. Во тие моменти трката ја предводеше Морбидели пред Ринс, Зарко и Вињалес, додека Мир брзо стигна до 5-та позиција, веднаш пред Квартараро.
Алекс Маркез направи најмногу претекнувања во почетните кругови и маестрално се проби покрај Мир и Вињалес во борбата за 4-та позиција.
Сепак, Мир наскоро возвраќа и тргнува во потрага по третопласираниот Зарко. Возачот на Avintia Ducati немаше шанси во дуелите со Мир и Алекс Маркез, додека Морбидели и Ринс веќе беа далеку напред.
На десет круга пред крајот, Маркез паѓа, а Мир го наследува 3-то место. Проблемите на Кврартарао продолжија и на втората по ред трка во Арагон. На пет круга пред крајот влезе во дуел со Алеиш Еспаргаро обидувајќи се да ја зачува 8-та позиција.
Франко Морбидели искусно ја приврши трката до крај. Возеше без грешки, не дозволувајќи му на Ринс да го стигне. Третото место му припадна на Жоан Мир, кој со овој пласман ја зголеми бодовната предност на лидерската позиција во генералниот пласман.
? @FrankyMorbido12 marches into the #MotoGP title mix!
The @sepangracing rider holds off the @suzukimotogp duo for his second win of 2020! ???#AlcanizGP ? pic.twitter.com/ONvZ2ztNLa
— MotoGP™? (@MotoGP) October 25, 2020
Which way will this #MotoGP championship turn next?! ?@JoanMirOfficial extends his lead but just 32 points cover the top six with three to go!!! ?#AlcanizGP ? pic.twitter.com/vohP4pSb86
— MotoGP™? (@MotoGP) October 25, 2020
MotoGP 2020 Teruel: RACE HIGHLIGHTS
https://youtu.be/iUvGFYFP1zQ
Следната трка е закажана за две недели, во Валенсија.