Со трката за ГН на Португалија, легендарниот Валентино Роси се прости од фабричкиот тим на Yamaha

„Докторот“ за јапонскиот тим возеше во два наврати – од 2004 до 2010 година, а потоа од 2013 до 2020 година. На фабричката Yamaha, тој освои четири шампионски титули со 56 победи и 142 подиуми на 255 трки.

Од следната сезона, Италијанецот ќе вози за Petronas Yamaha.

Ова е важен момент бидејќи заврши нашето долго заедничко патување. Нашата историја е поделена на два дела – како во добар филм, мислам. Првиот е од почетокот на 2004 година до 2010 година. Тоа е најдобриот период во мојата кариера. Испишавме историја со Yamaha. Ја освоив титулата за Yamaha по околу 20 години. Секогаш ќе ги паметам тие достигнувања затоа што беа клучни во мојата кариера.

 

Горд сум и на вториот дел. Сакам да им се заблагодарам на сите во Yamaha. Тие ми дадоа можност да се вратам по две лоши години, кога веќе бев стар според некои стандарди, кога бев очаен. Никогаш нема да ги заборавам зборовите на Лин дека ќе имам шанса да се вратам. Јас секогаш ќе бидам благодарен за тие моменти, бидејќи во тоа време можев да престанам да возам.

 

Вториот дел беше потежок во однос на резултатите, но бевме и блиску. Работите се случија како што се случија. И понатаму сум благодарен за поддршката што ја добив.

 

Следната сезона ќе возам само мотор со различни бои. Вистина, нема да биде истата гаража, но ќе бидам веднаш во соседството“, изјави Роси по трката во Портимао.