Монтажата на VW ID.3 трае 30 часа, а за Tesla Model 3 потребни се само 10. Volkswagen ќе отпушта!
Volkswagen размислува за намалување на 30.000 работни места за да ги намали трошоците и да ја подобри конкурентноста со ривалите како Tesla
„Нема сомневање дека ќе мора да ја преиспитаме нашата позиција во областа на конкурентноста на нашата главна фабрика до седиштето на компанијата во Волфсбург, особено во светлината на зголемениот број на новитети на пазарот“, вели портпаролката на Volkswagen, Михаел Манске.
„Веќе започнавме многу конструктивна дебата на оваа тема и ги бараме најдобрите опции, иако конкретно решение сe уште не е на повидок“, додава таа, коментирајќи ги наводите на новинарите за можните идни чекори на германскиот концерн.
Volkswagen размислува за намалување на 30.000 работни места за да ги намали трошоците и да ја подобри конкурентноста со ривалите како Tesla, објави германскиот весник Handelsblatt, цитирајќи буквално презентација на извршниот директор Херберт Дис, подготвena со цел да se информира надзорниот одбор.
Меѓутоа, претставник на синдикатите кои фунционираат во Volkswagen велат дека нема да ги коментира шпекулациите во врска со наводите на Дис, наведувајќи дека „отпуштањето на 30.000 луѓе би било апсурдно и неосновано“.
Volkswagen, исто така, размислува за претворање во отворено акционерско друштво на своите субјекти вклучени во работата во врска со полнењето на батериите на автомобилите и други поврзани активности во енергетскиот сектор, на ист начин како што е во тек приказната со одделот за производство на батерии, вели Томас Шмал, одговорен за развој на технологија во групацијата VW, во интервју објавено од германски деловен дневник, Manager Magazine.
Самиот Шмал повторuva дека сe уште нема конечни одлуки и дека најверојатно ќе бидат потребни повеќе од две години за да се формираат и подготват нови компании за излегување на берзата.
„Треба да ја погледнеме пошироката слика“, вели Шмал, осврнувајќи се на концептот на Tesla каде се може да се добие на едно место, вклучително и американската идеја да понуди сопствен комплекс што вклучува инфраструктура за полнење батерии, соларни системи и „зелена“ електрична енергија ..
Tesla го произведува Модел 3 за околу десет часа, додека на Volkswagen му требаат цели 30 часа за да склопи еден ID.3. Оттука и грижите на Управниот одбор на германската компанија.