Овие 5 „ѕверови“ можат да се купат за цена до 300.000 евра

Моќен, брз и нов автомобил не може да биде евтин. Новите технологии се многу скапи. Сепак, не мора да плаќате милиони за Pagani Huayra или LaFerrari. Меѓу големиот избор на супер автомобили постојат модели кои обезбедуваат одлична динамика по разумна цена. Ова се токму такви пет суперавтомобили кои можете да ги купите за цена до 300.000 евра.

Audi R8 V10 Performance

Зошто да плаќате за Lamborghini Huracan ако можете да ја добиете истата техника за помалку пари, но во друга каросерија? Audi R8 под капакот на моторот го има истиот 5.2-литарски V10 мотор со моќност од 620 коњски сили и пренос со две спојки. Оваа „ѕверка“ до 100 km/h забрзува за 3,1 секунда и чини 190 000 евра.

McLaren 570S

Најмалиот McLaren нуди моќност од 520 коњски сили, до стотка забрзува за 3,2 секунди, а максималната брзина е 328 km/h. Не треба да ги заборавиме и неговите навистина кул врати како крила на галеб. Покрај тоа, суперавтомобилот во просек троши само 10,7 l / 100 km, а неговата цена е 200.000 евра.

Ferrari 488 GTB

Италијанскиот суперавтомобил Ferrari 488 GTB не само што изгледа елегантно, туку има и моќ од 670 коњски сили. Звукот на неговиот V8 битурбо е импресивен, а до стотка стигнува за само три секунди. Неговата максимална брзина е 330 km/h, а цената е „само“ 204.000 евра.

Noble M600

Купе моделот M600 е спортски „old school“ автомобил, што значи спартански салон и минимална електроника. Британците вадат 650 КС од V8 моторот на стариот Volvo XC90. Суперавтомобилот има максимална брзина од 360 km/h, до 100 km/h забрзува за 3 секунди, и чини 290.000 евра.

McLaren 720S

Во „драг“ трките, McLaren 720S воопшто не заостанува зад неговиот постар брат Senna, но чини три пати помалку – до 300.000 евра. За овие пари, купувачот добива 4-литарски V8 мотор со моќност од 720 КС. Индексите на суперавтомобилот се одлични – 2,9 секунди до 100 km/h со максимална брзина од 340 km/h.