Mіtѕubіѕhі Мотoрѕ ќе ги сопре продажбите на нови автомобили во Европа, кога сегашните модели ќе го достигнат крајот на својот животен циклус. Јапонската компанија ќе се фокусира на бизнис во Југоисточна Азија, како дел од новиот деловен план насочен кон намалување на загубите

Стратегијата влегува во сила веднаш, а тоа значи дека Mitsubishi нема да го замени својот водечки модел во Европа, моделот Outlander, откриваат од компанијата за Automotive News Europe. Првичните планови беа моделот да бидат заменет во втората половина на оваа година.

Новиот Outlander ќе се појави на други светски пазари со новата финансиска година која започнува од април 2021 година, а plug-in хибридната верзија од фискалната 2022 година. Тоа практично значи дека сегашниот модел ќе продолжи да се продава уште една година.

Јапонската марка своите автомобили во Европа ги продава од 1975 година, а од 1995 до 2012 година автомобилите се склопуваа во Роден, Холандија. Фабриката во 2012 година беше продадена на VDL Grour и таму веќе се произведуваат BMW X1, Mini Хеџбек и Mini Соuntrуmаn.

Во 2019 година, Міtѕubіѕhі ја објави својата намера да го зајакне својот европски бизнис, но ниските приходи драматично ги променија плановите. Nissan се подготвува за најголемата годишна загуба досега.

Јапонската компанија очекува да ја заврши втората минатата година во црвено со минус од 140 милијарди јени (1,33 милијарди долари), шт ќе биде најголемата загуба до ден денес.

Компанијата започна со намалување на персоналот, намалување на производството и затворање на непрофитабилните дилери за намалување на 20% од фиксните трошоци во текот на следните две години.