Во Германија, пред неколку месеци, крадците отстраниле дури 53 катализатори од паркираните автомобили за една ноќ

Кражбата на катализатори стана развиен и профитабилен бизнис во Европа, каде црниот пазар за овие делови од ден на ден расте, но сега се чини дека целата приказна се сели на другата страна на океанот.

Полицијата во Калифорнија неодамна спровела голема рација во градот Елк Гроув, во која запленила дури 2.000 катализатори, како и 300.000 американски долари во готово.

Се чини, катализаторите станаа барана стока надвор од Европа, во другите делови на светот. Сепак, не станува збор само за нивна препродажба. Тие се барани и заради паладиумот содржан во нив чија цена е околу 2.000 долари за унца.

Дека кражбите на катализаторот можат да бидат многу опасни, покажува и случај во Англија во февруари, кога крадец починал под автомобилот бидејќи дигалката со која го подигнал возилото, се поместила, па автомобилот паднал врз него и му ги смачкал градите.