Според Autoguide, на 4 февруари, Mercedes поднел барање за заштита на името на претстојната О-класа во Европа

Конкретно, Mercedes, наводно, поднел барање за заштита на ознаките O120, O140, O180 и O200. Јасно е дека станува збор за ознаки за модели и агрегатот кој ги придвижува. Бидејќи никаде ја нема буквата „D“ која укажува дека е дизел мотор, индикативно е дека моделите во доаѓање ќе се напојуваат исклучиво со бензински мотори.

Што може да биде О-класата?! Најверојатно во прашање е автомобил кој ќе биде помал од сегашната А-класа. Сосема е можно да станува збор за препакуван Smart. Имено, Daimler веќе долго време мака мачи со Smart кој никако да постигне задоволителен комерцијален резултат. Но, електрификација фаќа замав, германскиот гигант се одлучи Smart да стане исклучиво електричен бренд, со што се отвора простор за друго возило во портфолиото на Mercedes со големина на моделот ForFour.

Кон оваа теорија во прилог оди и фактот дека Renault неодамна го обнови Twingo, што укажува на тоа дека сличен третман ќе добие и близнакот Smart ForFour. Овие два модели делат спектар на агрегати и се произведуваат во иста фабрика и се дел од една поширока соработка меѓу Daimler и Renault-Nissan алијансата.

Друга теорија вели дека О класата ќе биде одговорот на Mercedes на Audi A1. Според овие тврдења, германскиот гигант ќе направи модел помеѓу најголемиот Smarth и најмалиот Mercedes, се разбира во премиум сегментот. Таквиот автомобил треба да понуди само бензински мотори, со можна употреба на благ хибриден систем.

Со оглед на растечкиот број на гласини кои се појавуваат во врска со О-класата, како и новиот мал модел на четири тркала од Mercedes, се очекува германската марка да појасни барем дел од своите планови на престојниот автомобилски саем во Женева.