Фернандо рече дека мислел дека нивниот крај се приближува

Фернандо Алонсо е на мислење дека новото име на Ferrari, Чарлс Леклерк, е во состојба да ја сопре доминацијата на Хамилтон и Mercedes. Од него се очекува многу, а тој ќе биде вториот во историјата најмлад пилот на Ferrari.

Mercedes ги освојува двете титули, и возачка и кај конструктори, во последните пет години. Единствено Ferrari со Михаел Шумахер имаат толку долга серија од двојни круни – од 2000 до 2004 година, по што токму Алонсо стави крај на таа доминација. Сега двократниот светски шампион го фали младиот Леклер:

„Тој е млад, интелигентен и талентиран. Навистина ме интересира кога ќе заврши циклусот на Mercedes. Чувствувам дека моментот е блиску. Верувам дека Леклерк има комбинација од карактер и талент”.

Запрашан каков совет би дал, Фернандо посочува:
„Треба да научи да бележи поени постојано, да помага на тимот, и да запомни дека првенството се решава помеѓу јули и септември. Да не брза и возбудата и емоциите да ги држи под контрола“.

Loading...