Германскиот премиум гигант Porsche премиерно во Париз го претстави својот во моментов најпопуларен SUV, рестилизираниот Macan

Macan доаѓа со само една погонска единица, 2.0-литарски 4-цилиндерски турбобензинец со 245 КС и 370 Nm вртежен момоент.

Поврзан со 7-брзински PDK автоматик со двојна спојка, Macan од место до 100 km/h забрзува за 6,7 секунди со максимална брзина од 225 km/h.

Погонската единица има подобрена геометрија на комората за согорување и бензинскиот партикуларен филтер што дава просечна потрошувачка од 8.1 l / 100 km според NEDC тестовите.

Macan за 2019 година добил блага рестилизација на надворешноста каде што се издвојуваат новите LED предни и задни светла како стандардни, како и неколкуте нови бои за екстериерот.

Тука се и новиот PCM мултимедијален систем со 10,9-инчен екран на допир, GT спортски волан инспириран од Porsche 911, јонизатор на воздухот, греење на шофершајбната и нов систем за помош во сообраќај кој користи адаптибилен темпомат за да се овозможи полу-автономно движење на возилото при брзина до 60 km/h.

Почетнатата цена на Macan во Германија изнесува 58.763 евра, а Porsche веќе прима нарачки.