Германскиот производител на луксузни автомобили Daimler, преку тимска работа со колегите од кинеската компанија Geely, ќе пристапи кон развој на следната генерација на мотори со внатрешно согорување

Овие единици ќе се користат во возилатa со хибридна технологија. Ова се наведува во изјавата објавена од германската компанија.

„Компаниите планираат да развијат високо ефикасна модуларна единица“, вели портпаролот на Daimler, додавајќи дека хибридните погонски единици ќе излегуваат од производните линии на фабриките изградени и во Кина и во Европа. Планот е да се развијат бензински мотори кои ќе започнат да се поставуваат во возилата почнувајќи од 2024 година.

За ваквото поврзување прв објави германскиот деловен дневен весник Handelsblatt, повикувајќи се на извори од самата компанија, но и пошироко, од целата автомобилска индустрија.

Според Handelsblatt, повеќето мотори ќе бидат произведени во Кина. Во исто време, сојузот со кинескиот концерн Geely, кој држи 9,69% од капиталот на Daimler, значи и раскинување на партнерството со Renault. Освен француските индустријалци, на раководството на германската компанија им се лути и работниците кои се плашат да не останат без работа поради новиот сојуз.

Германскиот весник исто така наведува дека германско-кинеското партнерство ќе донесе заштеда на германскиот деловен систем, кој се мери во стотици милиони евра.