Тимот на Mercedes штотуку го претстави својот нов болид за претстојната Formula 1 сезона – W11! 

Иако пред неколку дена беа претставени боите на болидот (на болидот од минатата сезона), на Денот на вљубените, Mercedes ги сподели првите фотографии од новиот болид со кој ќе се обидат да го задржат статусот на најдобриот тим во хибридната ера во Formula 1.

Според првите фотографии, Mercedes задржал сличен концепт на болидот, но сепак со некои промени во однос на минатата сезона. Боите се малку променети и има неколку детали во црвена и црна боја.

Веднаш по промоцијата, возачите имаа можност за првпат и лично да го провозат новиот болид.