Mercedes-Benz EQC во производство влегува во средината на 2019 година
Daimler следната пролет ќе започне со производство на батерии од 80 kWh за потребите на електричниот EQC SUV модел
Огранокот на Daimler, Deutsche Accumotive има намера двојно да го зголеми бројот на вработени или околу 1.000 до крајот на 2018 година, со цел на време да се подготви за лансирање на вториот производствен капацитет за батерии во фабриката во Каменц.
Првиот погон веќе има изработено повеќе од 200.000 батериски пакети за BEV, PHEV и HEV модели, како и системи за складирање на енергија, а од пролетта 2019 година, вториот погон ќе произведува батерии за Mercedes-Benz EQC, кој треба да влезе во производство во средината од следната година.
Батериите најпрво ќе бидат доставени во фабриката во Бремен, а првиот електричен SUV на Daimler е во фаза на предпроизводство од ова лето.
Компанијата ќе инвестира 500 милиони евра во Каменц, а на глобално ниво дури 10 милијарди долари, со цел да се постигне планот кој вклучува 130 електрифицирани модели до крајот на 2022 година, вклучувајќи и повеќе од 10 чисто електрични автомобили.
Батериски пакети ќе се произведуваат во вкупно осум фабрики, на шест локации на три континенти: две фабрики во Каменц (Германија), фабрика во Пекинг (Кина), фабрика во Таскалуза (Алабама, САД), фабрика во Бангкок (Тајланд), две фабрики во Штутгарт-Ункеркирхајм (Германија), фабрика во Зинделфинген (Германија).
Што се однесува до Mercedes-Benz EQC 400 4MATIC, ова се неговите прелиминарни спецификации.
• асинхрон двоен мотор, погон на сите тркала
• излезна моќност од 300 kW и 765 Nm
• забрзување од 0 до 100 km/h за 5,1 секунди
• максимална брзина од 180 km/h
• батерија од 80 kWh (384 ќелии – два модули со 48 ќелии и четири модули со 72 ќелии)
• автономија од над 320 километри (прелиминарна оценка). Според NEDC, автономијата изнесувала 450 километри
• DC брзо полнење за 40 минути (110 kW, 10% -80%)
• АС полнач – 7,4 kW
• влечен капацитет – 1.800 килограми.