Mercedes-AMG воведува нов модел, нема конкуренција во својата класа
Од Mercedes тврдат дека новиот GLB 35 4MATIC нема конкуренција во својата класа. Овој модел комбинира одлична прегледност и многу простор со чисто задоволство при возењето
Во салонот на возилото има место за најмногу седум патници, а погонот е познатиот 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо-мотор кој произведува 225 kW (306 КС) и гарантира импресивно задоволство при возењето. Со него до стотка автомобилот забрзува за 5,2 секунди, има AMG Performance 4MATIC погон на сите тркала, а сето тоа е заокружено со AMG Speedshift DCT 8G менувач.
GLB 35 е со специјална AMG суспензија која овозможува подобра стабилност при побрзи свиоци, а тука се и високо перформантните AMG сопирачки со дискови од 350 mm напред и 330 mm кај задните тркала. Клиентите можат да избираат помеѓу алуминиумски фелни со големина од 19 до 21 инчи.
Типично за AMG моделите, базниот модел е „облечен“ со AMG Line стилски пакет и Panamericana маска на ладилникот. Да не заборавиме да ги споменеме предниот металик сплитер, двојниот издув…
Јасно е дека овој модел ги има и сите придобивки на еден теренец – повисоко седење, многу простор за патници и багаж и добро балансирани перформанси надвор од патот.
Спортски и индивидуализиран ентериер
Припадноста на семејството AMG е визуелно обележана со Artico / Dinamica микрофибер спортските седишта со црвени контрасни шавови. Тука е и дигиталниот инструмент кластер, МBUX инфозабавниот систем, воланот со Nappa кожа…
Помеѓу опциите се третиот ред седишта, AMG управувач, два кожни пакета… Подоцна, ќе може да се нарача и возило со седишта пресвлечени со двобојна кожа во неколку комбинации на црвена и црна.
Цените сè уште не се познати
„Со новиот GLB 35 4MATIC, ние ја прошируваме нашата понуда на производи со додавање на многу атрактивен модел за активна целна група на клиенти кои посветуваат посебно внимание на различностите“, вели Тобијас Моерс, извршен директор на Mercedes-AMG GmbH.
„Ова исто така вклучува и опционални седум места во нашиот нов компактен SUV без да се жртвуваат типичните AMG гени. Бидејќи и во овој сегмент, нашиот GLB 35 го исполнува ветувањето на нашиот бренд што го нарекуваме Driving Performance”, додава Моерс.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1GYlHnvxTr4r0JEcdoFKKMeBW7fv7VzVH” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Премиерата пред публика е закажана за автоомобилскиот салон во Франкфурт на почетокот од септември, а пазарното деби за почетокот од следната година. Цените сè уште не се познати. Како потсетување, основниот GLB во Германија чини 37.746 евра.