Инженерите Ханс Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелхер ја основале компанијата во 1967 година, која засекогаш ќе се најде во „куќата на славните“ во областа на автомобили со високи перформанси и спортски марки

Оваа компанија денес е позната како Mercedes-AMG, а таа само слави 55 години постоење. Во име на тоа, во Афалтербах лансираа нова промотивна кампања.

Се се врти околу максимата „55 години – промена на играта“. „Орото“ го предводат легендарните возила на Mercedes-AMG како што се 300 SEL 6.9 AMG, 300 E 5.6 „The Hammer“, CLK DTM и SLS AMG Electric Drive.

Се разбира, неодамна претставената сериска верзија на Mercedes-AMG One, која користи технологија од Formula 1, е една од главните ѕвезди на кампањата. Технологијата за хибриден погон за прв пат е префрлена директно од тркачката патека на патот. Така барем тврди Mercedes-AMG.

Во меѓувреме, дизајнерското студио Vision AMG дава мал увид во иднината на овој бренд. Купе со четири врати ја користи новата независна платформа AMG.EA, која моментално се развива за модели со чисто електрични перформантни автомобили со револуционерна e-drive технологија.

Секако, сето ова не би било исто без амбасадорот на брендот. Седумкратниот светски шампион во Formula 1, Луис Хамилтон предводи голем број ѕвезди како Дејвид Култхард, Сузи Волф и Вил.Ај.Ем. На Култард и Волф веројатно и не им треба претставување, а Will.I.Am е најновата славна личност која ги промовира електричните автомобили на Mercedes-AMG.

За очекување е сеопфатна кампања на социјалните мрежи за прославата на 55-годишнината.

go88 pro apk new

bảng vị sunwin code sunwin miễn phí tải game sunwin