Opel и Vauxhall претставија специјално издание на моделoт од Б-сегментот.

Corsa полни четириесет години и за сето тоа време се претставени шест генерации и произведени вкупно четиринаесет милиони примероци по претставувањето на првата генерација (во Велика Британија под знакот Nova на Vauxhall) во 1982 година.

Јубилејното издание на Corsa ќе биде произведено во тираж од 1.982 примероци, симболично во знакот на годината на почетокот на производството. Од другата страна на Ла Манш, Vauxhall ќе произведе илјада единици од Corsa-e Anniversary Edition со волан на десната страна. Како што сугерира името, ќе се нуди исклучиво во целосно електрична форма.

Малиот модел на Opel е ексклузивно достапен во црвена боја „Record Red“, инспирирана од слична црвена нијанса на Corsa A. Во новиот модел бојата е комбинирана со завршна обработка во црно на покривот, ретровизорите, маската и амблемот. Тука е и „кул“ сетот од 17-инчни алуминиумски тркала направени во сјајна црна боја со мат сиви уметоци.

Во салонот се наоѓа тапацир од тартан со ретро стил за спортски седишта инспирирани од Vauxhall Nova SR од 1980-тите. Засебно, со секој автомобил, купувачот ќе добие по еден пар тартан чорапи од ограничена серија кои се достапни во мали и големи димензии, за сопствениците да се пофалат во нивното локално кафуле. 

На контролната табла има и нумерирана плочка со амблем која го истакнува јубилејот четириесет години. Опремата вклучува LED светла, седишта и волан со греење, мултимедијален систем со седум инчен екран со радио, камера за рикверц, предни и задни сензори за паркирање… Тука се и неколку напредни системи за помош на возачот.

Opel Corsa 40 Years ќе биде понудена на одредени пазари во Европа почнувајќи од следните недели. Во Велика Британија, Vauxhall Corsa-e Anniversary Edition е веќе достапна за нарачка преку Интернет, со цени кои започнуваат од 31.000 фунти (37.953 долари или 36.120 евра).

go88 rút tiền trong bao lâu

nhatvip sunwin SunVN TOP 1 Game Đánh Bài Đổi Thưởng - Tải SunWin APK sunwin mod apk