Mercedes-AMG S63 VS BMW M760i – Кој е побрз? / ВИДЕО
Двете супермоќни лимузини во трка на 400 метри
Најмоќните верзии на луксузните седани од Mercedes-Benz S-класа и BMW Серија 7, во трка на 400 метри или четврт миља. Тестот е организиран од страна на изданието Carwow.
Лимузината на Mercedes е со заден погон и 4.0-литарски twin turbo мотор V8 погонски агрегат со 612 КС и 900 Nm вртежен момент. Погонскиот агрегат е комбиниран со 9-брзински автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 3,5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 km/h.
Спротивно на него, луксузниот баварски се потпира на погон на четири тркала и на 6.6-литарски V12 агрегат. Погонската моќност е 610 КС со 800 Nm вртежен момент, во комбинација со 8-степенски автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,7 секунди, а максималната брзина е 305 km/h.
Како сето ова изгледа, погледнете сами од приложеното видео.