Samsung направил паметен телефон за оние корисници кои не сакаат интернет

Galaxy J2 Pro има слични спецификации и дизајн, како и другите високо квалитетни Samsung паметни телефони, но не може да отвора некои апликации и да се поврзе интернет.

Во соопштението објавено од Samsung, J2 Pro е наменет да им помогне на учениците да останат фокусирани во училницата, наместо постојано да проверуваат пораки и содржини на Snapchat, Facebook и други апликации.

Компанијата понудила и попуст за клиентите од 18 до 21 година за уред кој има редовна цена од 186 долари. Уредот доаѓа во црна и златна боја, има AMOLED дисплеј до пет инчи, 1,5 GB RAM меморија и микро SD картичка. Камерите, се рабира, не изостануваат – предна камера од 5 МР и задна од 8 МР.

Телефонот ги содржи сите апликации за кои не е потребна интернет конекција за да функционираат. Овој телефон е наменет и за помлади деца чии родители сакаат контрола над нивната употреба.

Не беше објавено кога J2 Pro ќе биде достапен и во земји надвор од Јужна Кореја.