Со Megane eVision, Renault пишува ново поглавје во својата историја – иновативен концепт автомобил со кој се најавува новата гама на електрични автомобили од француската марка, базирана на целосно новата модуларна платформа CMF-EV

Megane eVision, кога ќе пристигне како сериска верзија кон крајот на следната година, ќе биде првиот Renault што ќе биде поставен на модуларна платформа CMF-EV, дизајнирана исклучиво за електрични возила кој веќе го имаше своето деби во моделот Ariya на Nissan.

Megane eVision е долг 4.210 mm, широк 1.800 mm, висок 1.505 mm, со меѓуоскино растојание од 2.700 mm – димензии со е сосема јасно кој ќе биде главниот пазарен ривал за идниот електричен хечбек на Renault – VW ID.3.

Megane eVision користи батерија од 60 kWh, за која која од  Renault велат дека е една од најтенките во индустријата и следствено ќе овозможи повеќе простор за патниците и нивниот багаж. За полнење може да се користат брзи полначи до 130 kW. Автономијата со целосно полна батерија не е позната, а сериската варијанта ќе понуди повеќе конфигурации со батерии и мотори.

Концептното издание го придвижува еден електричен мотор кој испорачува 217 КС и 300 Nm, моќта се пренесува на предните тркала, а забрзувањето од место до 100 km/h се завршува за помалку од 8 секунди.

Според извршниот директор на француската марка, Лука де Мео, сериската верзија е подготвена 95%. Точниот датум кога Megane eVision ќе пристигне на пазарот не е објавен, но како што наведовме тоа ќе биде кон крајот од следната година.