Моделот SSC Tuatara развил 483 km/h, но достигнувањето сè уште не е официјално потврдено

Телевизиската компанија KPVM од градот Пахрамп во американската држава Невада објави нов брзински рекорд поставен на блискиот државен пат 160. Според ТВ-тимот, хиперавтомобилот SSC Tuatara го подобрил најдоброто официјално достигнување за сериски автомобил – 447 km/h во две насоки, остварен со Koenigsegg Agera RS во 2017 година.

Рекордот на шведскиот болид беше поставен на истата траса. Тогаш Koenigsegg користеше Agera RS со дополнителен пакет за зголемување на моќноста, благодарение на што 5.0-литарскиот twin-turbo V8 мотор развива 1.360 КС и 1371 Nm вртежен момент. Во едната насока хиперавтомобилот разви 437 km/h, а во другата – 457 km/h. За официјално достигнување беше утврдено 447 km/h.

Според KPVM, американскиот SSC Tuatara има развиено 483 km/h (просечна брзина во двата правци), но досега производителот не го потврдил тоа. Овој автомобил користи 5.9-литарски V8 со два турбо полначи и систем за вбризгување со две млазници. На стандарден бензин автомобилот развива 1.369 коњски сили, а на биоетанол Е85 – 1.774 КС.

Моторот е поврзан со 7-брзински роботизиран менувач Automac Engineering. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај Tuatara трае 2,5 секунди, а растојанието од четврт милји го минува за 9,75 секунди. Суперавтомобилот е дизајниран за брзина од 509 km/h.

Не е исклучено SSC Tuatara да го подобрила и апсолутниот рекорд поставен од прототипот Bugatti Chiron. Модифицираното купе со помош од компанијата Dallara успеа да развие 490.484 km/h, но само во една насока. Втор обид не беше направен затоа што тестерите одлучија дека патеката не е доволно безбедна и затоа записот и не официјално признат.