McLaren го претстави новиот болид со агрегат на Renault

0

Со целосно нов дизајн и агрегат на Renault, McLaren се надева дека нивниот нов MCL33 болид ќе биде моќна конкуренција за најдобрите тимови во Formula 1

Новиот автомобил е всушност првиот McLaren воопшто со погонски агрегат од компанијата Renault и претставува нов почеток за британскиот тим по три ужасни години во партнерство со Honda Motor Company.

Покрај новиот погонски агрегат и новиот заштитен кокпит, најголемата разлика помеѓу MCL33 и минатогодишниот болид е бојата која сега е папаја портокалова во комбинација со сина, или иста како и пред 50 години, кога во болидот со овие бои се појавил Брус Мекларен.

Од McLaren велат дека новиот болид претставува ново поглавје за McLaren, поглавје што ја комбинира богатата историја и насоката во која тимот сака да оди. Челниците на McLaren велат дека иако се соочиле со неколку непријатни години, тимот до сега неколку пати покажаал дека по секој пораз се враќал уште посилен и подобар.

Првата ѕвезда на тимот и понатаму е поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој вели дека има многу доверба во новиот болид и едвај чека да седне во него.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »