McLaren го претстави болидот за новата F1 сезона! / ФОТО+ВИДЕО
Тимот на McLaren воочи почетокот на тестирањата за новата сезона во Formula 1 шампионатот, го претстави својот болид со кој ќе се обиде барем да се приближи до водечките од минатата сезона во која доминантно заврши на четвртото место во пласманот кај конструкторите
Новиот болид е именуван како MCL35 , а претставувањето беше во Центарот на McLaren крај Вокинг, Англија. На презентацијата присуствуваа возачите Карлос Саинз и Ландо Норис, тимскиот шеф Андреас Сеидл како и многу други водечки луѓе на McLaren.
Очекувано, McLaren ги зачувал своите познати бои на болидот, но овој пат одлучиле да стават мат боја. Болидот има сини делови заради еден од главните спонзори.
„Изгледа одлично, изгледа потесно… Едноставно подобро, според мене. Со секој член на нашиот тим, успеавме да составиме, се надевам, подобар пакет и подобар болид. Вложен е многу напор во овој болид и имам чувство дека сè е на место. Растеме како тим, позитивно сме расположени од минатата година и сакаме да го внесеме тоа во новата сезона“, вели Карлос Саинз.
„Овој болид се базира на минатогодишниот, но сè она што го поминавме минатата сезона, сите наши коментари и сите дискусии меѓу нас возачите, се е тоа вградено во овој болид. Затоа е многу повеќе мој болид. Дадовме многу поголем придонес во креирањето на овој болид и затоа се чувствувам како да е моето дете, мој болид и нестрплив сум за првото возење“, вели младиот Британец, Ландо Норис.
„Ова е важен момент за нашиот тим, уште еден чекор во нашето патување. Важно е да не се опуштиме бидејќи сезоната ќе биде тешка. Ништо не доаѓа лесно во Formula 1 и борбата ќе биде интензивна. Имаме шест дена тестирање за да се подготвиме за почетокот на новата сезона, а Карлос, Ландо и остатокот од нашиот тим се подготвени за тоа“, вели шефот на тимот, Андреас Сеидл.
A new decade of racing starts here. Say hello to our 2020 @F1 contender.#MCL35 #FearlesslyForward pic.twitter.com/TlKM7zyBIs
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2020