Иако електричните и хибридните автомобили стануваат сè попопуларни во светот, Mazda останува лојална на моторите со внатрешно согорување (SUS)

Без оглед на тоа дека електричните и хибридните автомобили полесно ги поминуваат се построгите стандарди за животна средина, не се секогаш во предност во споредба со автомобилите со погон на фосилни горива.

Поради начинот на производство на електрична енергија, во Mazda немаат намера да се откажат од бензинските и дизел мотори.

Претходното кажано е истакнато и од директорот на Одделот за развој на Mazda, Ичиро Хироше кој смета дека се уште има простор за значително подобрување на моторите со внатрешно согорување, што ќе резултира со 30 проценти помала потрошувачка на гориво во однос на сегашната генерација на мотори.

Mazda покрај развојот на нови технологии за бензински и дизел мотори (кои се оптимално решение за придвижување на големите и тешки автомобили и развој на ротациониот мотор.

Се разбира, Mazda нема целосно да го игнорира EV трендот, најавувајќи го својот прв електричен автомобил за 2020 година.