Италијанскиот производител на луксузни автомобили објави тизер со кој го најавува својот нов хибриден модел

Кога Maserati ги откри своите планови за електрифицирани возила минатиот септември, сите беа заинтригирани да видат за што станува збор.

Maserati во меѓувреме се посвети на автомобилите со хибриден и електричен погон, кој ќе биде во заедница со батерија од нова генерација, што значи многу километри од едно полнење и брзо полнење на автомобилот.

Покрај тоа, Maserati потврди дека ќе продолжи да ја подобрува сегашната гама во која се вклучени Levante, Quattroporte и Ghibli. Прв кој ќе добие хибриден погон е моделот Ghibli.

Хибридот Ghibli требаше да биде откриен во април годинава на Саемот за автомобили во Пекинг, но настанот беше откажан поради коронавирусот. Конечно доаѓа, а како најава тука е ова видео лансирано од италијанскиот производител.