MotoGP шампионатот оваа година може да содржи 16 трки, а најмалку 12 или 13 би се возеле во Европа

Во Светскиот шампионат во мотоциклизам се извозени само две трки во Катар на почетокот од сезоната. Поради пандемијата на коронавирус, „краслката класа“ на патеката Losail не стартуваше, а сезоната ја започнаа само возачите од Moto2 и Moto3 класите.

Во меѓувреме откажани се голем број на трки во MotoGP шампионатот. Холандија, Германија, Финска, Велика Британија, Јапонија, Австралија…

 „Се надеваме дека календарот ќе го претставиме следната недела. Ако се оди добро, ќе започнеме на 19 јули во Херез. Последната трка ќе биде на почетокот од ноември, а тоа ќе биде 12-та или 13-та трка. Ќе има европски трки, а за оние вон Европа, ќе се одлучува дополнително”, вели првиот човек на Dorna, Кармело Еспелета. „Има многу трки, четири неевропски кои сè уште не се откажани: Тајланд, Малезија, Америка и Аргентина. За нив сме во фаза на одобрување, а имаме рок до крајот на јули. Тогаш ќе знаеме дали можеме да сметаме на нив или да ги откажеме. Календарот ќе брои најмногу 16 трки“, додава Еспелета.

Во Европа ќе се вози Херез, Брно, Спилберг, Арагон, Мизано, Валенсија и Барселона и / или Ле Манс.