Мало, ама ѕверка: BMW M2 CS / ФОТО+ВИДЕО
BMW ја претстави најмоќната верзија на своето М2 купе, опишано како „тркачки автомобил со регистарски таблички“ под ознаката CS
Најмалиот автомобил во портфолиото на М одделот ја доби својата најжестока верзија. BMW M2 CS своето деби пред публика ќе го има на автосалонот во Лос Анџелес, а сега ја има својата интернет премиера.
Баварскиот производител јасно е дека направил сериозен напор за чекор напред во однос на M2 Competition, во секој поглед. Визуелно, јасно е дека ова е различна варијанта. М2 CS има отвор за воздух во централниот на хаубата, која е изработен од армирана пластика засилена со јаглеродни влакна, со што ова издание е значително полесно од челичната верзија што се користи во M2 Competition.
Што се однесува до другите визуелни карактеристики на надворешноста, тука се новиот сплитер, спојлер и дифузер, сите изработени од карбон. Заради престиж, но и перформанси, достапни се нови 19-инчни алуминиумски фелни, достапни во мат златна боја.
BMW M2 CS се придвижува со 3.0-литарски твин-турбо мотор со шест редно инсталирани цилиндри. Овој мотор развива дури 450 КС, што е за 40 КС повеќе од M2 Competition. Моќта на задните тркала се пренесува преку 6-степен мануелен менувач или опционално преку 7-степен автоматски менувач. Верзијата со рачен пренос до стотка забрзува за 4,2 секунди, додека со автоматски менувач тоа трае нешто помалку – само 4 секунди. Максималната брзина е 280 km/h.
Поради подобрите перформанси, M2 CS всушност нема помала маса од M2 Competition. Дополнително намалување е можно ако купите опционални карбон-керамички сопирачки.
Промените во внатрешноста се сепак мали. Вреди да се напомене дека М седиштата се стандардна опрема, додека аудио системот е со логото на Harman Kardon.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1oexvqLKgenTyqYYgay-OjaMskYfHmifz” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW M2 CS до првите сопственици во Европа треба да пристигне на почетокот од следната година.