Во жестока конкуренција помеѓу BMW, Lamborghini и Porsche победник е Hyundai

Годината е при крај, што значи дека има многу избори за автомобил во годината, понекогаш дури и во особено интересни ниши каде е можно да се комбинираат автомобили со драстично различна моќност, перформанси, па дури и цени.

Tаков пример е „Performance Car of the Year“ организиран од страна на американскиот Road & Track. А на патеката Thunderhill Raceway Park во Калифорнија навистина дошло шарено друштво составено од 11 автомобили кои имаат моќност од 180 до над 630 КС и, што е уште поинтересно, чинат од 30.000 до 332.000 американски долари. Најевтиниот е Hyundai Veloster N, најскапиот McLaren 300LT Spider, а меѓу останатите имиња се навистина автомобили од соништата: BMW M2 Competition, Chevrolet Corvette, Lamborghini Huracan Evo, Lexus RC F Track, Lotus Evora GT, Mazda Miata RF Club, Nissan GT-R NISMO, Porsche 911 и Toyota Supra.

Јасно е дека критериумите ги надминуваат брзината и времето по круг, така што битно е и чувството во возење на пат и на патека. А како победата ја однел најевтиниот кандидат ќе мора сами да видите во приложеното видео.

Loading...