Aston Martin го претстави својот прв мотор

Во соработка со Brough Superior на Саемот за автомобили во Милано свое деби имаше моделот ABM 001.

Новиот супермотор е ограничен на 100 единици и всушност е мешавина од дизајнерскиот правец на Aston Martin и врвниот инженеринг на Brough Superior.

Офарбан е во тркачките бои на Aston Martin, односно Sterling Green и Lime Essence, со мат-црни тркала, вилушки и сопирачки.

AMB 001 има рам од карбон-влакна, тежи само 180 килограми, а се придвижува со V-twin turbo мотор со 180 КС.

Секој од 100-те примероци ќе чини по 108.000 евра, ќе се склопува во фабриката Brough Superior во Тулуз, при што првите испораки се очекуваат до крајот на 2020 година.

Aston Martin AMB 001 не е наменет за редовно возење, туку исклучиво за тркање.

Loading...